Лидерот на сепаратистите: Украинците во Северодоњецк или ќе се предадат или ќе умрат

од Stefanija Kuzmanovska

Украинските сили во Северодоњецк или ќе се предадат или ќе умрат, изјави денеска лидерот на таканаречената Доњецка Народна Република (ДНР).

„Тие имаат две опции – или ќе го следат примерот на своите колеги и ќе се откажат или ќе умрат. Немаат друга опција“, рече Едуард Басурин, заменик-шеф на Одделот за народна милиција на ДНР, пренесува рускиот државен медиум РИА Новости.

Руските сили сега контролираат голем дел од Северодонецк, центарот на крвавата битка за Донбас, но украинските сили се чини дека сè уште одржуваат некои од нивните борбени линии.

„Украинските бранители продолжуваат да го контролираат индустрискиот дел од градот и хемиската фабрика Азот“

Началникот на воената администрација на регионот Луганск, Серхи Хајдај денеска изјави дека Украина се уште успева да евакуира некои луѓе од градот, пишува Си-Ен-Ен.

Русија го окупираше поголемиот дел од Северодоњецк, но украинските бранители сè уште ја контролираат индустриската област на градот и хемиската фабрика Азот, во која се кријат околу 500 луѓе.

„Околу 500 цивили се наоѓаат во фабриката Азот во Северодонецк, од кои 40 се деца. Понекогаш армијата успева да евакуира некого“, рече Хајдај.

Слични содржини