„Лидл“ планира да отвори 20 објекти низ Црна Гора, работа за 1.000 работници

од Vladimir Zorba

Компанијата „Лидл“ планира да отвори околу 20 капацитети низ Црна Гора, а планираат да вработат и околу 1.000 работници, изјави министерот за економски развој на земјата, Јаков Милатовиќ за „ТВЦГ“.

Тој, исто така, додаде дека Владата формирала оперативен тим во рамките на Агенцијата за инвестиции, кој во изминатите неколку месеци двапати се сретнал со претставници на Управниот одбор на „Лидл“.

Овој тим има задача да ги подготви и усогласи условите за влез на компанијата на црногорскиот пазар.

– Претставници на Владата имаа средби со претставници на „Лидл“, а планот им е да вработат 1.000 наши работници и да отворат 20 објекти. Ќе изградат и логистички центар во Подгорица. Тоа нема да се случи веднаш, тоа е процес, но очекуваме овие планови да се реализираат во 2023 и 2024 година – рече Милатовиќ.

Слични содржини