Лига на шампиони: Барса го преживеа пеколот во Неапол, Баерн со убедлива победа во Лондон

од Nikola Popovski

Наполи и Барселона одиграа 1:1 во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите. Италијанците стигнаа до предност со прекрасниот погодок на Дрис Мертенс кој всушност беше 121 погодок и со кој стана најдобар клупски стрелец во историјата.

Барселона ја имаше топката во свој посед и делуваше доста безидејно во најголем дел од мечот, а најдобар доказ за тоа е фактот што упати само еден удар кон голот кој сепак беше претворен во погодок. Антоан Гризман беше стрелец на голот кој дојде по одлично изработена акција во вториот дел, откако претходно Наполи имаше водство благодарение на одличниот гол кој го постигна Мертенс по лошата реакција на Фирпо.

До крајот на натпреварот немаше многу надигрување но имаше искри на теренот, Артуро Видал набрзина заработи два жолти картони и исклучување.

Нашиот Елиф Елмас не доби шанса и мечот го преседе на клупа.

Екипата на Баерн Минхен со голема победа се враќа од гостувањето на „Стемфорд Бриџ“, откако во првиот натпревар од осминафиналата фаза на Лигата на шампионите со убедливи 0-3 го совладаа тимот на Челзи.

По првото полувреме немаше голови, а во второто баварците одиграа во својот препознатлив стил, за кој „сините“ немаа решение. Во период од 51 до 54 минута Серж Гнарби два пати ја погоди мрежата на домашните, а во 76 минута во листата на стрелци се запиша и Роберт Левандовски.

За ситуацијата на Челси да биде уште полоша се погрижи Алонсо кој во 83. минута доби директен црвен картон поради удар без топка на противнички играч.

 

 

Слични содржини