Лил Вејн пукал во својот телохранител

од Vladimir Zorba

Популарниот американски рапер Лил Вејн наводно пукал во член на неговото обезбедување, откако во неговата куќа дошло до расправа, а полицијата моментално го истражува случајот, јавуваат светските медиуми.

Според изворот на порталот ТМЗ, телохранителот на раперот во полиција изјавил дека тој и Лил Вејн се скарале, што прераснало во тепачка, а на крајот оружје било извадено.

Сè се случило во домот на Лил Вејн, кога раперот му рекол на член на неговото обезбедување да ја напушти куќата по кратка вербална расправија, но тој сакал да оди во тоалет пред да замине.

Од друга страна, раперот за истиот портал ги демантираше овие наводи, тврдејќи дека не поседува ниту огнено оружје.

Неофицијален извор од полицијата, пак, за американските медиуми изјавил дека неколку членови на обезбедувањето на раперот во изјава кажале дека Лил Вејн во рацете имал автоматска пушка АР-15, но дека не пукал директно во својот телохранител.

Кавгата започнала откако Лил Вејн го обвинил телохранителот дека го фотографирал и ги продавал сликите на медиумите.

Слични содржини