ЛИНЧ во директен пренос: Снимено брутално тепање на човек во Тел Авив, мислеле дека е Арап (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Група екстремно десничари во Израел нападнале човек во близина на Тел Авив затоа што мислеле дека е Арап. Шокантни фотографии покажуваат човек кој бил насилно изваден од неговиот автомобил и претепан се додека не изгубил свест, пренесе „Гардијан“.

Нападот го пренесувала јавната телевизија Кан, а сето тоа се случи на шеталиштето покрај брегот на Бат Јам, јужно од израелската престолнина Тел Авив.

Полицијата и службите за итни случаи пристигнале на местото на настанот 15 минути подоцна, а жртвата тогаш лежела неподвижна на грб на сред улица.

Толпата се обиде да го оправда бруталниот напад велејќи дека човекот е Арап кој се обидел да ги „покоси“ националистите со автомобил, но снимките покажуваат дека човекот во автомобилот се обидува да го избегне протестот.

– Жртвата на линчот беше сериозно повредена, но тој е во стабилна состојба, беше објавено од болницата „Ичилов“ во Тел Авив.

Ова се случи за време на немирите меѓу Евреите и Арапите на улиците. Демонстрантите запалија возила, ресторан и синагога, и ова е едно од најлошите насилства што се случиле во Израел во последните неколку години.

Градоначалникот на градот Лоџ, со мешано население, го спореди ова насилство со граѓанска војна.

Полицијата соопшти дека уапсила скоро 400 лица низ целата земја, кои наводно биле вклучени во немирите и нарушувањето на јавниот ред и мир.

Лидерот на партијата „Верски ционизам“ Бетзалел Смотрич рече дека се срами од овој суров напад во Бат Јам.

– Евреи браќа, застанете! Во никој случај не можеме да дозволиме учество во насилството, рече тој.

Израелскиот рабин Јицак Јосеф исто така повика на ставање крај на насилството.

– Терористичките организации напаѓаат невини граѓани, не можеме да дозволиме да нè вовлечат во провокации и агресија, рече тој.

Арапски пратеник од левичарската партија Мерец, Исави Фреј, вели дека ова е знак дека земјата оди кон граѓанска војна.

Слични содржини