Лишен од слобода возачот кој удри мотоцикл на „Џон Кенеди“ во Скопје

од Vladimir Zorba
27 прегледи

Полициски службеници од СВР Скопје денеска во 00:30 часот на улица „Џон Кенеди“ во Скопје, го лишиле од слобода Ф.А.(57) од скопско Визбегово, поради сообраќајна несреќа, информираат од МВР.

-На 09.05.2025 околу 21.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Џон Кенеди“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А. и мотоцикл „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ц.(25) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, се вели во соопштението од МВР.

По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а возачот на патничкото возило „рено“ е лишен од слобода и во консултација со јавен обвинител ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка.

Слични содржини