Лишена од слобода скопјанка барана со централна потерница

од Nikola Popovski

Денеска (07.03.2023) во 09.50 часот во Лисиче, скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје ја лишиле од слобода Б.Д.(24) од Скопје.

Таа била барана по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „затајување“ по член 239 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде предадено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Слични содржини