ЛИСТА: Коронавирусот најактивен во девет града во земјава

од Берта Китинска

Коронавирусот достигнува нови пикови во земјава. Во вчерашната статитика беше забележан рекорден број на починати  откако пандемијата се појави во земјава.

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека здравствениот систем е под огромен притисок како што не бил никогаш, не само во земјава, туку и во светот, бидејќи се соочуваме со пикот на досега најсилниот бран.

Во моментов  најмногу активни случаи има на овие места:

Скопје 59394, активни 10281

Прилеп 7190, активни 1106

Куманово 7020, активни 966

Тетово 6397, активни 633

Гостивар 4612, активни 501

Велес 4618, активни 780

Кавадарци 4532, активни 727

Битола 4637, активни 897

Охрид 4219, активни 837

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 132.740, бројката на оздравени пациенти е 108.197, на починати е 3.860, а бројот на активни случаи изнесува 20.683.

Слични содржини