ЛИСТА: Овие градови имаат едноцифрен број на активни преносители на Ковид 19 во земјава

од Берта Китинска

Последните пет дена бројот на заразени од Ковид-19 во државата не надмина 10 проценти од направените тестови.

Во некои денови од неделата стапката на новозаразени се намали и до пет проценти од вкупниот број тестирани пациенти. Министерството за здравство вчера објави дека се регистрирани нови 155 случаи од 1 845 тестирања, како и дека починале две лица, а 127 оздравеле.

Според статистиката на Министерствот за здравство во овие градови регистриран е најмал број на активни случаи.

Радовиш 29, активни 6
Крушево 16, активни 7
Берово 8, активни 4
Валандово 7, активни 1
Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
Кратово 14, активни 4

Валандово 7, активни 1
Пехчево 6, активни 0

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11554,  бројката на оздравени пациенти е 7607, на починати е 519, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3428.

Слични содржини