ЛИСТА: Во овие седум града нема заразени со ковид 19

од Берта Китинска

Бројот на заразени со ковид 19 се намалува секојдневно.Денеска се регистрирани нови 20 слуачи. Според податоците на министерството за здравство регистрирани се 425  активен случај, а вакцинацијата, според надлежните, се одвива непречено во сите пунктови.Во моментов ниту едно заболено лице со ковид 19 нема во: Берово, Кавадарци, Пробиштип, Богданци, Демир Капија ,Пехчево и Дојран

Министерот за здравство, Венко Филипче, навести дека е можно укинување на полицискиот час.

„Во однос на тоа што ќе се случува во месеците пред нас, ќе дискутираме на состанокот на Комисијата за заразни болести во понеделник. Ќе зборуваме за полицискиот час. Веројатно ако вака продолжат трендовите на опаѓање, а според нашите анализи нема никакви најави за факторот за преносливост да се смени, тогаш полицискиот час би требало да се укине. Во летните месеци со одредени протокол да се одвиваат сите оние настани и концерти, за постепено животот да се враќа во нормала. Нема ризик за организирање на такво нешто“, информира Филипче во „Само вистина“.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.507, бројката на оздравени пациенти е 149.612, на починати е 5.470, а бројот на активни случаи изнесува 425.

Слични содржини