Листата на казнети се проширува: Британија санкционираше 386 руски пратеници

од Nikola Popovski

Денеска Велика Британија воведе санкции за 386 пратеници на руската Државна дума, долниот дом на парламентот и најави дека ќе се обиде да го забрани извозот на луксузни стоки во Русија со цел да го зголеми дипломатскиот притисок врз рускиот претседател Владимир Путин поради инвазија на Украина.

Во соопштението се наведува дека санкциите се насочени кон оние кои гласале за признавање на независноста на самопрогласените Луганската и Доњецката Народна република, пренесува Ројтерс.

„Нашата цел се оние кои учествуваа во илегалната инвазија на Путин на Украина и оние кои ја поддржаа оваа варварска војна“, се вели во соопштението на британската министерка за надворешни работи Лиз Трас.

Британскиот „Форин Офис“ објасни дека на пратениците од Думата кои беа санкционирани ќе им биде забрането патување во Велика Британија, како и пристап до имот во Велика Британија и водење бизнис во таа земја.

Британската влада најави санкции за пратениците во Думата на 22 февруари, а денеска тоа го потврди.

Европската унија веќе воведе санкции за истата група руски пратеници.

Слични содржини