Litho – паметен прстен од иднината (ВИДЕО)

од Vlatko K

Litho изгледа како минијатурна кутија, како да излегува од некој СФ филм, но всушност е контролор
за вашиот iPhone. Уредот, кој е на продажба од денес, беше создаден од страна на три англиски
програмери. Ги комбинира вибрациите и следењето на движењата со мал тракпад; сето ова може
да се користи за различни гестови како што се насочување, лизгање и потчукнување.


Првично, контролорот беше дизајниран како очила за додадена реалност, слични на HoloLens на
Microsoft. Тој нуди основна поддршка за платформата за додадена реалност на компанијата, но
првенствено е дизајнирана за мобилната AR-платформа ARKit на Apple.

Видеото ни покажува како можете да поставите објекти во додадена реалност користејќи iOS AR
апликација. Друга опција е да управувате со паметни домашни апарати како вашиот термостат, без
да морате да го вадите вашиот паметен телефон.
Оригиналната верзија на уредот се вика Scroll и може да се носи само на еден прст. Тековниот
модел е од типот „една големина за сите“. Уредот се поставува на два прста, овозможувајќи
поголема површина за тракпадот.

Дури и да се вклопува, зошто некој треба да купи Litho? Веб-страницата не нуди навистина
неверојатни опции, освен ако немате огромен број на паметни уреди. Но, уредот е атрактивен како
прецизен, флексибилен мобилен AR интерфејс што не го блокира вашиот поглед, за разлика од
обичниот екран.

Верзијата на Litho за девелопери е 199 долари, но тимот се надева дека производот ќе чини не
повеќе од 100 долари.

 

Слични содржини