Литванија одбива да ја екстрадира Тихановскаја

од Nikola Popovski

Вилнус го одби барањето на Минск за екстрадиција на поранешната кандидатка за претседател на Белорусија, Светлана Тихановскаја, изјави Министерството за надворешни работи на Литванија за Спутник.

„Литванија не испорачува луѓе кои се мета на политички прогон. Минск тоа добро го знае “, објавила прес-службата на Министерството за надворешни работи. Претходно, Истражниот комитет на Белорусија иницираше екстрадиција на Светлана Тихановскаја, која сè уште е во Литванија.

Да потсетиме, масовните протести на опозицијата во Белорусија започнаа на 9 август, по претседателските избори. Според Централната изборна комисија, актуелниот претседател Александар Лукашенко победил на изборите со 80,1 процент од гласовите. Опозицијата не ги призна резултатите од изборите и смета дека победила Светлана Тихановскаја.

Против Тихановскаја и членовите на координативниот совет на опозицијата, кој бил формиран по нејзина иницијатива, меѓу другото, била покрената кривична постапка на тема заговор за преземање на власта и повик за создавање екстремистички формации.

Слични содржини