Ливерпул го доведе Тијаго Алкантара за 30 милиони евра

од Aleksandar Petrovski

Прашање беше само дали Ливерпул или Барселона, и на крајот Тијаго Алкантара го избра шампионот на Англија!

Со недели постоеше неизвесност што ќе се случи со Тијаго по одлуката да ги напушти редовите на Баерн Минхен, а новинарот Џејмс Пирс, кој е познат како еден од најдобрите инсајдери од „Енфилд“, со етикетата „ексклузивно“ известува дека Ливерпул и Баерн се согласиле на трансфер вреден 30.000.000 евра.

Се посочува дека преговорите се забрзани уште од понеделникот, а бидејќи челниците на Баерн јасно им ставија до знаење на своите колеги од Ливерпул дека сакаат трансферот да се заврши што е можно побрзо, договорен е трансфер во вредност најавена од самиот почеток. Трансферот се очекува да биде официјализиран во наредните денови, но Џејмс Пирс – кој порано работеше за Ливерпул Ехо – уверува дека патот до реализацијата е јасен. Значи, нема пречки на истиот. Веста наскоро ја потврди и најсигурниот германски инсајдер Кристијан Фолк, кој тврди дека Баерн ќе вложи пари во еден млад фудбалер, а првиот пик е детето на Ајакс и десниот бек Сергињо Дест! Толисо ќе го пополни местото на Тијаго во тимот, а Дест се смета за залог за иднината во одбраната.

Тијаго во мај преговараше за продолжување на соработката со Баерн, но во меѓувреме се предомисли и им соопшти на клупските челници дека му треба нов предизвик во кариерата. Од тој момент, Ливерпул важеше за прв кандидат за неговиот потпис. Накратко беа споменати Барселона и ПСЖ, но на шпанскиот репрезентативец му беше јасен и фактот дека сака да ја продолжи кариерата исклучиво на „Енфилд“.

Слични содржини