Ливерпул ја „краде“ иднината на Барса?

од Vladimir Zorba

Не се работи само за пари, иако тоа е многу важно. Младиот Гави се наметна сезонава, важи за еден од најталентираните играчи во Европа, има само 17 години, стандарден е во Барса, викендов постигна гол против Атлетикo.

Каталонците својата иднина ја врзуваат за студентите од Ла Масија, за играчи како одличниот играч за врска, но засега нема продолжување на договорот кој истекува за помалку од 18 месеци.

Ливерпул се вмеша во приказната и Барса можеше да ги почувствува последиците од кризата. Имено, на фантастичниот играч за врска можат да му понудат договор од три милиони по сезона, но од „црвените“ би можел да добие двојно повеќе.

Неговиот договор истекува, постои можност Барселона да биде принудена да го продаде на лето, доколку ги извести дека нема да потпише нов. Има и клаузула од околу 50 милиони евра која водечките англиски клубови не би требало да имаат проблем да ја платат.

Гави ги направи првите чекори во Бетис, но во школата на Барса пристигна на 11 години. Тој пред една година дебитираше за друг голем тим, а потоа ова лето по само неколку натпревари за резервите доби можност да се наметне во подготвителниот период. Го воодушеви Куман, го истисна Пуџа, а веднаш следеа споредби со Чави. Сега Чави му е тренер, Гави веќе дебитираше за репрезентацијата со Луис Енрике, па така одамна еден фудбалер во Европа немал ваков метеорски подем.

Засега не зборува, иако приоритет му е Барса. Сепак, како што рековме, Ливерпул нуди повеќе пари, иако многу млади шпански играчи навистина не се прославија на „Енфилд“, но не воопшто во ПЛ.

Сепак, Клоп многу го посакува, Гави веќе покажа дека е подготвен иако има само 17 години да игра на врвно ниво …

Слични содржини