Ливерпул може да им забрани на играчите да се приклучат на своите репрезентации?

од Nikola Popovski

Менаџерот на англискиот фудбалски шампион Ливерпул, Јирген Клоп, објави дека „црвените“ можат да им забранат на своите играчи да заминат да играат за своите национални тимови доколку од нив се бара да станат во карантин 10 дена по враќањето во Англија.

„Ја разбирам потребата од различни фудбалски асоцијации, но ова е време кога не можете да ги израдувате сите“, рекол Клоп на прес-конференција пред натпреварот против Челси во четврток.

„Клубовите плаќаат играчи, што значи дека мора да бидеме на прво место. Во овој период од нашите животи, не можете да ги израдувате сите“, додал германскиот тренер.

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) неодамна објави дека клубовите може да одбијат да ослободат играч доколку од нив се бара да ги стават во карантин повеќе од пет дена по враќањето.

„Сè уште не сме 100% сигурни затоа што некои држави би можеле да ги менуваат местата каде што играат. Ќе мора да почекаме затоа што на луѓето им треба време да донесат одлуки. Сепак, мислам дека сите се согласуваат дека не можеме да ги пуштиме играчите да одат, а потоа да ги ставаме во карантин 10 дена кога ќе се вратат “, нагласил Клоп.

Меѓу играчите на Ливерпул кои очекуваат репрезентативни обврски во март се Бразилците Алисон Бекер, Фабињо и Роберто Фирмино и Португалецот Диого Жота.

Слични содржини