Ливерпул позлатени по Шесттата … буквално (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Парите едвај се проблем за ѕвездите на Ливерпул, но и покрај тоа играчите од европскиот шампион добија специјална награда токму за трофејот во Лигата на шампионите.

Секој член од првиот тим беше даруван со најновиот iPhone X, благодарение на дизајнер кој се занимава со благородни метали. Токму компанијата има направено така што секој еден од мобилните телефони да е целиот во злато, а во прилог да се вдлабени имињата на фудбалерите, како нивните броеви и логото за финалето во Мадрид.

Компанијата издаде 28 телефони за тимот на Ливерпул, па дури и менаџерот Јирген Клоп ќе има еден ако сака да го искористи. Фановите на тимот, исто така, може да нарачаат персонализиран дизајн, но ќе мора да платат помеѓу 2.300 и 3.500 фунти.

Клиенти на Design Group се легендарните “црвени” фудбалери од неодамнешното минато, Стивен Џерард и Џејми Карагер.

Ливерпул ја освои својата шеста титула во ЛШ на првиот ден од јуни, благодарение на двата гола постигнати од Мохамед Салах и Дивок Ореги против Тотенхем.

Слични содржини