Ливерпул тргнува по Тимо Вернер

од Vladimir Zorba

Ливерпул има многу сериозен интерес за напаѓачот на РБ Лајпциг, Тимо Вернер, вели „Дејли Стар“.

Двата тима се во перфектни односи откако веќе се договорија за долгорочен договор со Наби Кита, и ова би можело да помогне во трансферот на германскиот репрезентативец на Енфилд во текот на летото.

22-годишниот фудбалер има 11 гола и 2 асистенции на 25 натпревари за својот тим оваа сезона.

Тој е исто така фаворит да го предводи нападот на Германија на Светското првенство во Русија следното лето.

Неговиот договор со Лајпциг е до летото 2020 година, а Ливерпул, најверојатно, ќе се обиде да преговара за тоа пред Светското првенство, а со евентуални силни перформанси во Русија, неговата цена може драстично да скокне.

Слични содржини