Почетна / Сцена / Лизо, Били Ајлиш и Лил Нас Икс ги предводат овогодинешните Греми награди

Лизо, Били Ајлиш и Лил Нас Икс ги предводат овогодинешните Греми награди

Лизо ги предводеше номинациите за 62. Греми награди со 8 номинации, додека Били Ајлиш и Лил Нас Икс се близу со по шест номинации. Тројцата музичари се прв пат номинирани за Греми.

Ариана Гранде, ХЕР и Финас О’Конел се веднаш зад нив со по пет номинации. За О’Конел, петте номинации се и неговите први Греми номинации, додека Гранде и ХЕР биле номинирани и предходно и двете со по една или две победи.

Албумите „I,I“ од Бон Ајвер, „Norman F***ing Rockwell“ од Лана Дел Реј, „When we fall Asleep, Where do we go?“ од Били Ајлиш, „Thank U, Next“ од Ариана Гранде, „I Used to Know Her“ од ХЕР, „7“ oд Лил Нас Икс, „Cuz I Love You“ од Лизо и „Father od the Bride“ од Вемпајр Викендс се номинирани за албум на годината.

Алиша Кис ќе се врати како домаќин на церемонијата, втора година по ред, со што ќе стане третата жена и првата жена музичарка што е домаќин двапати.

Доделувањето на 62 по ред Греми награди ќе се одржи во Стејплс Центар во Лос Анџелес. Доделувањата ќе бидат емитувани во живо на CBS во 7 часот ET/PT.

Целосната листа на номинации прочитајте ја ТУКА.

loading...