Во оваа недела позицијата на планетите е таква што конфликтите ќе бидат повеќе од романтиката. Добрата комуникација може да помогне за да се изедначат недоразбирањата. Еве што да очекувате на љубовен план.
5a70863ea7608149240f4c81a95ab0d7

Овен
Во љубовниот живот на Овенот повторно почнува да станува возбудливо. Ако сте врзани со партнерот ќе откриете нови возбудливи нешта со кои ќе се прошири сексот. Исто така ќе треба да ги споделите едни со други интимните тајни. Направете го тоа и нема да жалите.

Бик
Сончев зрак ќе го огрее љубовниот живот и на бикот. За оние кои ја бараат својата сродна душа, сабота е ден во кој ѕвездите ќе им обезбедат можност да сретнат некој посебен. Венера ќе влезе во 5-тиот дом на вистинската љубов, но се движи премногу бавно. Но не губете надеж, љубовта е таму и во најскоро време ќе пристигне кај вас.

Близнаци
За врзаните Близнаци можат да настанат конфликти во врската. Незадоволството може да биде испровоцирано од неодговорното однесување на едниот партнер. За среќа ѕвездите ви даваат можност да се поправат недоразбирањата.

Рак
За врзаните Ракови неделава ќе биде возбудлива. Желбата за подароци и материјална корист од партнерот ќе се зголеми. Барањата може и да останат неразбрани и тоа да ве натера да се чувствувате фрустрирани.

Лав
Ќе настапат моменти во кои нема како да ја прескокнете комуникацијата со партнерот. Не дозволувајте проблемите да ја уништуваат романтиката. Разговарајте со вашиот сакан за да се разјаснат недоразбирањата.b6ca788e7633610fb2ce3a005f31f329

Девица
Некои од врзаните Девици ќе одржат важни разговори со партнерот. Ќе дознаете дека за некои прашања тој или таа не се подготвени да направат компромиси и тоа може да ве натера да се почувствувате далеку еден од друг. Во саботата Венера ќе влезе во вашиот знак и тоа може да ви даде шанса за нова љубов.

Вага
Конфликтите нема да недостасуваат и кај врзаните Вага. Тие ќе бидат предизвикани од несогласувањето во однос на социјалните контакти, забава, патувања. Еден отворен разговор може да преврти сè. Ако се чувствувате несигурни во врската, размислете дали да се консултирате  со терапевт.

Шкорпија
Романтиката ќе помине во заден план. Причината за ова може да биде тензија во канцеларија и многуте должности кои ќе ја лизнат од фокус желбата за љубов. Во сабота Венера влегува во секторот на социјалните односи и ќе се претвори во ретроградна. Размислете повеќе на тоа како да ја вратите хемијата меѓу вас и вашата сакана.081857f8219d35e078a367c3d9936833

Стрелец
Нов почеток во финансиите за оние од вас кои се наоѓаат во врска. Можеби ќе треба да се надминат пречките. Направете го тоа заедно и уживајте во романтиката. Внимавајте, бидејќи меѓусебните желби за контрола еден над друг може да ја расипат хармонијата.

Јарец
Ќе настапат возбудливи можности во однос на љубовта. Марс и Меркур ќе се спротивстават на Плутон. Во љубовта ќе стигнете во нова фаза на среќа, но ќе треба да промените некои од приоритетите.

Водолија
Љубовниот живот ви се чинел нескршлив и совршен  вопоследно време. Но, оваа недела тоа може да почне да се менува. Венера ќе го напушти секторот на партнерството во саботата и ќе премине во графикот на финансии. Во следната недела планетата на љубовта ќе стане ретроградна.

Риби
Ако неодамна сте започнале нова сексуална врска, на пат е да додјете до конфузија. Во средината на неделата можно е да сфатите дека е време да ги намалите контактите со овој човек. Ако се наоѓате во сериозна врска, ќе треба да се реши некој проблем. Каков и да е тој, дејствувајте заедно.

Слични содржини