Лога ја поддржува иницијативата на општина Центар за конфискација на дивоградби

од Nikola Popovski

Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со градоначалникот на општина Центар ,Горан Герасимовски на која беше информиран за иницијативата за изнаоѓање законско решение за конфискација на изградени објекти со бесправен статус и нивна ре-употреба .

Целта на иницијативата е да се најде решение и да се овозможи конфискација на бесправно изградените објекти и нивна пренамена во функција на општината, односно државата.

За реализација на оваа иницијатива неопходно е да се интервенира во две законски решенија:Законот за постапување со бесправно изградени објекти и Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривичната и прекршочната постапка.

Герасимовски предложи до Заедница на единици на локална самоуправа ( ЗЕЛС) идејно решение за измена на законот за бесправно изградени објекти и законот за управување со конфискуван имот со цел олеснување на процедура и конфискација наместо уривање на веќе изградени објекти на узурпиран државен имот.

Од општина Кисела Вода исто така ја поддржаа ваквата иницијатива.

Слични содржини