Лога седна на местото на Тупанчески

од Nikola Popovski

Денеска во Министерството за правда се изврши примопредавање на функцијата министер за правда помеѓу досегашниот и новоименуваниот министер, Никола Тупанчески и Кренар Лога.

Тупанчески му посака на Лога успешна работа, реализација на голем број проекти и успех во функционирањето на Министерството за правда.

Министерот за правда, Кренар Лога, му се заблагодари на Тупанчески за неговиот досегашен придонес и најави реформи во сферата на правосудството и засилување на борбата против криминалот и корупцијата.

Слични содржини