Локални проруски власти: Пет цивили загинаа, 12 се ранети во гранатирање на Доњецк

од Берта Китинска

Пет цивили загинаа, а 12 се ранети денеска во украинското гранатирање на Доњецк, во сепаратистичкиот источен дел на Украина, се вели во соопштението на локалните проруски власти.

Генералштабот на локалните власти во соопштението објавено преку Телеграм наведува дека во гранатирањето на украинските сили во самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) загинале пет лица, а 12 се ранети.

Доњецк е де факто главен град на самопрогласената република Доњецк во рударскиот басен Донбас во источна Украина.

Областа, која е делумно контролирана од проруските сепаратисти од 2014 година, е сцена на силни борби меѓу украинските сили и руските сили кои започнаа офанзива во Украина на 24 февруари.

„Од утрово, масовно непријателско гранатирање е насочено кон главниот град на Народна Република Доњецк“, се вели во одвоено соопштение на проруските воени сили на ДНР, наведувајќи дека над 200 артилериски гранати од 155 милиметри денеска паднале над Доњецк. .

Според руските новински агенции, во гранатирањето биле погодени кино и кафуле во центарот на градот.

Слични содржини