Локалните жители ги спречуваат косовските полицајци да влезат во зградите на северните општини

од Stefanija Kuzmanovska

Сирените се огласија во четири општини на северот на Косово, поради што граѓаните се собраа околу општинските згради и ги спречија косовските полицајци да влезат во нив. Косовската полиција соопшти дека им помага на новоизбраните градоначалници да го остварат своето право на работа во официјалните општински згради.

Во полициското соопштение се наведува дека полицијата согласно законските и уставните овластувања презема мерки за ред и јавна безбедност.

„Косовската полиција им помага на градоначалниците на северните општини Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток да го остварат своето право на работа во објектите на службениците од наведените општини“, се вели во соопштението, пренесе „Танјуг“.

Малку подоцна, „Танјуг“, повикувајќи се на свој известувач, јави дека косовската полиција влегла во зградата на општина Звечан, која претходно испукала солзавец и шок-бомби пред зградата каде што се собрале граѓаните, а се слушале и истрели.

Фото: Танјуг

Слични содржини