Локвенец: ВМРО-ДПМНЕ го покажа лажниот патриотизам кога не гласаше за Законот за одбрана

од Vladimir Zorba

„Собранието го изгласа Законот за одбрана, кој е од голема важност за членството во НАТО, бидејќи во него е вграден принципот на колективна одбрана. По три декади нам сонот ни станува стварност, единствено ВМРО-ДПМНЕ и извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски не можат и не сакаат да го видат тоа“, изјави денеска Хари Локвенец, пратеник на СДСМ.

„Лажниот патриотизам и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш исплива на површина кога во Собранието, пратениците на опозициската партија не гласаа за Законот за одбрана, наводно поради променетото име. Од друга страна, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ немаа проблем со уставното име кога се носеше Законот за служба во Армијата. Немаат проблем ниту кога земаат плати или учествуваат на состанок на Европските народни партии“, посочува тој.

Слични содржини