Лондон е најдобриот град за живеење во светот

од Nikola Popovski

Лондон се најде на првото место на листата „Најдобри градови во светот 2019“, составена од експерти од „Resonance Consultancy“. Списокот е објавен на веб-страницата на консултантската компанија.

Во студијата, аналитичарите проценуваат градови со население од повеќе од милион луѓе, врз основа на низа параметри, вклучувајќи клима, ниво на безбедност, достапност на рекреативни објекти и атракции, достапност на образовни институции, аеродроми, ресторани и продавници, удел на образовани жители, приход на граѓани и популарност на социјалните мрежи.

Според резултатите од студијата, рангирањето на најдобрите метрополитенски области за живот во светот го води Лондон, а потоа следуваат Њујорк, Париз и Токио. Москва се најде на петтото место на списокот, искачувајќи се за едно место, во однос на минатата година.

На првите 10 се и Дубаи, Сингапур, Барселона, Лос Анџелес и Рим.

Слични содржини