Лондон: Мал напредок на руските сили во Украина

од Milan1

Британското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руските сили постигнале мал напредок на теренот во Украина во последните денови, но дека нивните напади биле насочени кон телекомуникациската инфраструктура на Украина „бидејќи настојуваат да го намалат пристапот до веродостојни вести и информации за украинските граѓани“.

Британското Министерство објави на социјалните мрежи дека руските сили „веројатно постигнале минимален напредок во текот на викендот“, пренесува агенцијата АП.

Се наведува и дека вчера била погодена ТВ кулата во Харков, поради што е прекинато емитувањето на ТВ програми.

Велика Британија соопшти дека пристапот до интернет на Украина најверојатно ќе биде нарушен како резултат на колатерална штета поради нападите на руската инфраструктура.

Слични содржини