Лондон: Украинците ги опколуваат руските сили околу Киев

од Milan1

Според најновата разузнавачка процена на британското Министерство за одбрана украинските сили го зголемуваат притисокот врз руските војници североисточно од Киев.

– Украина продолжува да извршува успешни контранапади против Русите надвор од главниот град, се наведува во извештајот.

Исто така се посочува дека украинските сили најверојатно ќе ја вратат контролата врз градовите Макарив и Мошун.

– Постои реална можност украинските сили сега да можат да ги опколат руските единици во Буча и во Ирпин, соопшти британското Министерството за одбрана.

Според британските воени претставници руските трупи североисточно од Киев се соочуваат со значителни проблеми со снабдувањето и моралот.

– Успешните контранапади на Украина најверојатно ќе ја нарушат способноста на руските сили да се реорганизираат и да продолжат со офанзивата врз Киев, се истакнува во извештајот.

Слични содржини