Лопата е за слабаци – со фрлач на оган чисти снег пред куќа (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Жител на Кентаки стана сензација на Интернет откако беше снимен како расчистува снег пред својата куќа со пламенка.

Кентаки го дочека Божиќ со снег, а во некои делови од земјата падна повеќе од 20 сантиметри на Бадник. Снегот, секако, придонесе за уште подобро празнично расположение, но исто така се бараше луѓето да ги земат лопатите и да го расчистат снегот пред своите куќи.

Сопственикот на куќата во Ешленд, град на северо-исток на државата, сепак имал други планови. Зошто лопата кога можете едноставно да го стопите снегот со оган.

„Еве начин за брзо отстранување на снегот“, е коментарот на соседот преку улицата кој ја сними необичната сцена.

Слични содржини