Актуелно
Почетна / Спорт / Лопетеги за судијата на дуелот со Реал: Срамота

Лопетеги за судијата на дуелот со Реал: Срамота

Тренерот на Севиља, Хулен Лопетеги, беше крајно незадоволен од судењето на натпреварот од 20. коло од шампионатот на Шпанија против Реал Мадрид.

Судијата го поништи голот на напаѓачот Лук де Јонг.

– Ова е срам, срамота! Секогаш иста работа, викаше Лопетеги во тунелот кон соблекувалните.

Во првото полувреме, главниот судија Хуан Мартинез Мунуера, по прегледувањето на снимката користејќи ВАР, го поништи голот на Де Јонг поради прекршок кој му претходеше на погодокот. Играчот од средниот ред на Севиља, Немања Гудел го блокираше играчот на Реал Мадрид Едер Милитао во срцето на шеснаесетникот на домаќините. Ова се случуваше во 30. минута од првото полувреме кое заврши 0:0.

Во второто полувреме Реал постигна два гола, а прим и еден и на крајот се радуваше на победата.

loading...