Лопез удри по Ѓоковиќ: Организирале фудбалски натпревар, оделе на забави …

од Vladimir Zorba

Шпанскиот тенисер и директор на АТП турнирот во Мадрид, Фелисијано Лопез, разговараше на шпанска телевизија за првиот рекет во светот, Новак Ѓоковиќ.

Лопез упати неколку критики на сметка на првиот тенисер, по повод неодамна одржаниот „Адрија тур“.

– Она што го направи Ѓоковиќ не помогна. Мислам дека можеше да се направи подобро, сигурен сум. Поради моменталната состојба во светот, тој мораше да испрати сосема поинаква слика за тоа. Покрај турнирот, тие организираа и фудбалски натпревар и одеа на забави на кои не мораа да одат, можеше да се организира поинаку. Тенисот е сериозен спорт како фудбал или кошарка. Луѓето мора да дадат пример за другите. Она што се случи во Белград со Ѓоковиќ не мора да биде слика за враќање на тенисот. Тие мора да нè натераат да ги почитуваме најстрогите протоколи, затоа што тоа е единствениот начин. Најважна е безбедноста на луѓето и да нема ширење на инфекцијата – истакна Лопез.

Патем, Лопез и Ѓоковиќ важеа за одлични пријатели, Шпанецот дури во минатото играше турнири во Белград во договор со Новак, па многумина беа изненадени од неговата изјава.

Слични содржини