Лопез во тренерка што се гледа од вселена (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Џенифер Лопез се појави на сетот за снимање на новото видео во тренерка што модните критичари нема лесно да и простат.

Најголемата латино дива го заврши одморот, па сега е во Њујорк каде работи со полна пареа. Во моментот снима видео за дует со познатиот колумбиски музичар „Малума“, што е една од песните за нејзиниот нов филм „Marry me“, романтична комедија во режија на Кат Коиро.

Малума се појавува во филмот во улога на вереник на големата ѕвезда, што ја игра Лопез. Заплетот на филмот е следниот: кога нејзиниот вереник ја остава во пресрет на свадбата што требаше да се одржи пред публиката во Медисон Сквер Гарден, таа се мажи за комплетен странец што го наоѓа во публиката.

„Јас направив албум заедно со овој филм, така што имаме нови песни, нова музика и тоа е многу возбудливо. Веројатно ќе има осум мои песни на него, а Малума ќе направи две или три“, рече Џени пред неколку месеци во шоуто на Џими Фалон.

Пејачката вети дека песната за која таа го снима видеото ќе биде голем хит, а дотогаш тоа е само нејзината тренерка.

Таа се појави на сетот во многу случајно издание во кое доминира спортскиот сет потпишан од Ралф Лорен.

„Какви бои! Може да се видат од вселената “, е еден од коментарите на Инстаграм за оваа шарена тренерка.

Поп дивата ја комбинираше тренерката со „Најк“ патики, а од додатоците имаше очила и неизбежна маска која, како и сите нас, мора да ја носи.

Слични содржини