Лора Дерн победи во категоријата за женска споредна улога

од Elena Daskalova

Лора Дерн го освои Оскарот за Најдобра женска споредна улога во филмот „Приказна за бракот“.

И во оваа категорија се покажа дека предвидувањата на обложувалниците се точни, бидејќи таа беше главен фаворит, иако заедно со неа беа номинирани силни актерски имиња како Марго Роби и Кети Бејтс.

Нашата „Медена земја“ не го доби Оскарот за Најдобар документарец, но уште можеме да се надеваме на статуетка во категоријата Најдобар странски филм.

Слични содржини