Актуелно
Почетна / Глобално / Балкан / Лош знак за Грција

Лош знак за Грција

Најдоцна на крајот на минатата недела Ципрас разбра што всушност е во прашање: опстанокот на Грција. Но дали сфаќа дека вистинската работа допрва доаѓа – и дека таа не може да биде завршена, ако “Сириза” не се промени?

0,,18580121_303,00

Левиот популист Алексис Ципрас вети извлекување од кризата на и Грци да им го врати достоинството и демократијата – и така успеа да победи на предвремените избори во крајот на јануари. А со гласот “Не” на набрзина свика референдум и се надеваше дека ќе ги импресионира и меѓународните кредитори. Од ова сепак ништо не излезе: Отпорот против Грција се покажа премногу силен, а големите визии на Ципрас станаа национална катастрофа. Последниот самит во Брисел продолжи цели 17 часа, во кои Ципрас се виде принуден да стави рикверц, за да се спаси она што се уште можеше да биде спасено: останувањето на Грција во еврозоната. Но при многу строги услови.

Управувањето не е едноставна работа

Сега грчкиот премиер треба да се оддаде на тоа, поради што всушност се избираат политичарите: тие треба да управуваат. Во позадината на затворените банки веќе не е доволно да се колнеш во достоинството на народот, а во контекст на уништување на економија и обвинувања на адреса на странците.

Но како што излезе, управувањето не е едноставна работа. Најмалку двајца од министрите во кабинетот на Ципрас категорично го отфрлаат договорот со европските партнери, а околу 40 пратеници од “Сириза” се закануваат да гласаат против склучените аранжмани. Министерот за одбрана Панос Каменос, кој е лидер на ултрадесниот коалициски партнер “Анел”, принципиелно вети поддршка во парламентот, но сакаше да си го задржи правото во иднина да гласа против одделни мерки од пакетот со реформи.

И тоа не е сè: за среда е прогласен национална штрајк токму во надуениот јавен сектор. Алексис Ципрас се бави со популистичките идеи не само во петте месеци откако е на власт, но и во изминатите пет години во својство на опозициски лидер. И сега жнее бури.

Сè или ништо

Најдоцна на крајот на минатата недела треба да му станало јасно што всушност е во прашање, имено – опстанокот на Грција. Затоа сега Ципрас се обидува да ги изгасне немирите во своите редови. Радикалните министри треба да ја напуштат – односно, претстои мала реконструкција на кабинетот, а во средата, парламентот треба да го одобри договорот со доверителите. Барем во овој поглед Ципрас може да биде сигурен: независно од позицијата на многумина пратеници од “Сириза”, проевропската опозиција ќе ги поддржа плановите за штедење и реформи.

Но, грчкиот премиер може не сфаќа дека одобрувањето на мерките е само почетокот. Дури кога ќе започне нивното спроведување, ќе започне и вистинската работа. И тогаш Ципрас ќе има потреба од сè друго, но не и од партија, поделена на “идеолози” и “прагматици”. А уште помалку – од назадничавата политичка филозофија на “Сириза”, која ја поддржува идејата за државата како замена на исчезнатата социјална сигурност која ги анатемисува богатите и истовремено ги порамнува, и која ја поддржува паразитската администрација . Сето ова нема никаква врска со една модерна и конкурентна земја-членка на еврозоната. Следува дека и по гласањето денеска Грција ќе остане политички нестабилна. А тоа е многу лош предзнак за посакуваниот нов почеток.

loading...