Лоша вест: Познат фудбалер повторно позитивен на коронавирусот, откако беше објавено дека е излечен

од Nikola Popovski

Лоша вест доаѓа од Италија: Офанзивниот играч на Јувентус, Пауло Дибала, повторно е позитивен на коронавирус, откако претходно беше објавено дека е излечен.

Ова го објави девојката на Дибала, Оријана Сабатини, која исто така е позитивна.

„На 21 март направивме тест за коронавирус и бевме позитивни. Пред три дена направивме нов тест кој беше негативен. После тоа, направивме уште еден, кој исто така беше негативен, но последниот се врати позитивен. Се уште сме заразени.“, рече Сабатини преку социјалните медиуми.

Аргентинскиот фудбалер најпрво се заразил преку соиграчот Даниеле Ругани, кој беше првиот играч на Јувентус со коронавирус.

„Останав без воздух и немав ништо што можам да направам во врска со тоа“, тој ја опиша неговата состојба  откако за првпат беше позитивен.

Тој исто така имал сериозна кашлица и треска. Но, тогаш се опоравил и планирал да започне со тренинзи, но, сега ќе мора да почека за тоа. Дибала и неговата девојка Сабатини се во изолација заедно, чекајќи повторно да закрепнат.

Слични содржини