Лоши вести од Лондон: Oткриле дека се заразени со Ковид-19 додека се загревале пред Лига купот!

од Nikola Popovski

Менаџерот на Вест Хем Јунајтед, Дејвид Мојс и двајца играчи се позитивни на коронавирус.

Оваа вест била потврдена од клубот на неговата веб-страница, со образложение дека резултатите од тестот пристигнале кога тимот веќе бил на стадионот и се подготвувал за натпреварот од Лига купот против Хал Сити.

Од Вест Хем соопштиле дека никој од тројцата заразени не чувствувал никакви симптоми и дека ќе ги следат медицинските протоколи во наредните денови и ќе бидат изолирани.

Мојс, Иса Диоп и Џош Кулен веднаш го напуштиле стадионот и ќе се вратат на тренинг кога ќе бидат тестирани како негативни.

Слични содржини