ЛОШИ ВЕСТИ ЗА ИЗРАЕЛ: „Фатах“ се приклучува на „Хамас“

од Vladimir Zorba

Бригадата Ал Акса на Фатах од Рамалах, Западниот брег, објави дека се приклучува на Хамас во конфликтот против Израел …

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва изјави дека Израел ќе продолжи да „удира врз терористички цели“ во Појасот Газа по еднонеделниот судир со палестинските екстремисти.

По состанокот со највисоките претставници на одбраната, Нетанјаху најави дека Израел „ќе продолжи да дејствува онолку колку што е потребно за да ги врати мирот и безбедноста за сите граѓани на Израел“.

Судирите започнаа на 10 мај кога Хамас истрела ракети со голем дострел кон Ерусалим по повеќенеделното насилство во светилиштето во Ерусалим меѓу палестинските демонстранти и израелската полиција за време на муслиманскиот месец Рамазан.

Насилни немири избувнаа, меѓу другото, и поради заканата за иселување на палестински семејства од населбат во Источен Ерусалим за сместување на еврејски доселеници.

Слични содржини