Лошите навики во исхраната се речиси двојно поопасни за нашето здравје, отколку пушењето цигари

од Vladimir Zorba

Во почетокот на месецот, Lancet објави едно од најголемите истражувања на ефектите, кои начинот на исхрана ги има врз здравјето на човекот.

Во него биле разгледани податоци за навиките на 195 нации за период од 27 години – од 1990 до 2017 година. Резултатите покажуваат дека лошата исхрана е причина за смрт во еден на секои пет случаи.

Статистички, тоа значи дека лошите навики во исхраната се речиси двојно поопасни за нашето здравје, отколку пушењето цигари.

Смртните случаи врзани за употребата на цигари, се околу шест милиони годишно, додека оние предизвикани од лоша исхрана, се 11 милиони, покажуваат податоците во истражувањето.

Се тврди дека причината за високата смртност не се крие во тоа што јадеме премногу штетна храна, туку во тоа што јадеме премалку корисна храна.

Медитеранската исхрана, која се карактеризира со јадење повеќе овошја, зеленчук и јатки, повеќе риба и помалку црвено месо, како и повеќе билки и зачини на сметка на сол, е најздравата исхрана.

Имено присуството на солта и на високи количини шеќер во храната и пијалоците, се сметаат како најопасни за здравјето.

Земјите, што ја предводат листата за најсмртоносната диета се Узбекистан, Авганистан и Папуа Нова Гвинеја. Според студијата, Французите, Шпанците и Јапонците продолжуваат да се сметаат за нации,кои најздраво се хранат на планетата.

Слични содржини