Ловро Јотиќ е последното засилување на Вардар

од Aleksandar Petrovski

Според информациите на 24.ракомет, хрватскиот интернационалец, Ловро Јотиќ ќе биде најновото и последно засилување за eвропскиот шампион.

Долго време, Вардар беше во потрага по среден бек, а одлуката падна на Јотиќ, кој иако имаше договор со екипата на Бенфика, сепак го раскина истиот, за да се пресели во Скопје.

Вардар се обидуваше да стигне до потписот и на Миха Зарабец, но откако пропаднаа преговорите со овој играч, новиот сопственик на клубот, Михајло Михајловски се реши за Јотиќ, кој минатата сезона ја помина во екипата на Еурофарм.

Јотиќ заедно со Гаџа, ќе бидат задолжени за организација на играта кај Вардар. Ова најверојатно ќе биде и последното засилување за вардарци, кои на 18.јули треба да ги започнат подготовките за новата сезона.

Слични содржини