ЛШ: Кин го сруши турскиот бедем, Челси го згази Краснодар

од Vladimir Zorba

Фудбалерите на Пари Сен Жермен и Челси забележаа победи на непријатните гостувања во 2.коло од Лигата на шампионите.

Пари Сен Жермен стигна до првите три бода во тековната сезона од Лигата на шампионите (2:0) на гостувањето кај Башахшехир и го подобри впечатокот по поразот од Манчестер Јунајтед (2:1).

Долго време турскиот тим даваше отпор на шампионот на Франција и беше рамноправен ривал, но бедемот на домаќините го скрши Моес Кин, кој постигна два гола – и двата по асистенција на Мбапе.

Натпреварот го одбележа и повредата на Нејмар, кој ја напушти играта во 26-тата минута.

Во исто време, Челси забележа убедлив триумф на гостувањето кај Краснодар (4:0). Рускиот клуб ги начна Хадсон-Одои во 37-та минута, а на крилата на Вернер, лондонскиот клуб рутински обезбеди три бода во второто полувреме.

Прво, Вернер го удвои водството од белата точка, а потоа и асистираше на Зијеш за 3:0. Абрахам погоди во 90-тата минута.

Челси по две кола има четири бода, откако претходно ремизираше со Севиља, додека Краснодар остана на освоениот бод против Рен (1:1).

Слични содржини