Љубчо Георгиевски: ДИК да ги исклучи партиите на Зеав и Мицкоски од претстојните избори

од Ивана Рамаданова

ВМРО-Народна партија бара Државната изборна комисија да ги исклучи од претстојниот изборен процес политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ поради кршење на изборниот законик односно поради отпочнување на предизборна кампања вон законскиот рок, соопшти партијата.

„Со ваквите чекори не само што се урнисува демократската атмосфера и процес туку и се дискриминираат помалите политички партии со што државата свесно се вовлекува во нефер предизборен процес односно кампања која треба да започне приближно дваесет дена пред закажаниот ден за избори“, велат од ВМРО-НП.

Слични содржини