Љубов ли е, политичко лицемерие ли е!? Словачка пратеничка се омажи за пакистански бегалец

од desk3

 

Словачката пратеничка Силвија Петрухова минатиот викенд стапила во брак со бегалец кој живее во прифатилиште за бегалци во Берлин и бара азил од германските власти, јавуваат локалните медиуми.

Петрухова, која во март оваа година беше избрана за член на словачкиот Парламент од партијата Обични луѓе и некои независни кандидати поради мускулна дистрофија се движи во инвалидска количка.

3-5a299666028e089975f4296077155b71e2c53653

Својот брачен другар Јасир Шахзад го запознала преку Интернет пред повеќе од една година.

Шахзад бил од Пакистан и во Европа пристигнал пред осум години, каде неколку години студирал во Шведска.

Според нејзините зборови, како што јави дописникот на МИА, таа е загрижена дека нејзиниот сопруг нема да добие азил поради заострените услови на германските власти. Како барател на азил тој не може да ја напушти Германија, но таа често патувала таму./МИА

Слични содржини