Љубовен хороскоп: Прочитајте што ви носи ноември на ова поле

од desk4

Што носи ноември на поле на љубвота за секој хороскопски знак?

Овен

Ако сте во врска: Ноември носи ведрина и оптимизам во односите со саканата личност. Можно е некаде да отпатувате и да уживате во заедничките активности во слободното време. Можно е вашиот партнер да ви открие некоја тајна која ја криел од вас, но ќе сфатите дека не е ништо страшно. Тоа ќе донесе дополнителна складност во врската.

Ако сте сингл: Ве очекува познанство со личност од друг град, а можеби и друга држава. Но, како и многупати претходно, ќе се „освестите“ за вашиот интерес кога можеби ќе биде доцна. Постои можност да се зближите со личност која одамна ја познавате, на пример од раните училишни денови.

Бик

Ако сте во врска: Можен е напнат период полн со конфликти, бидејќи за многу нешта нема да се согласите со својот партнер. Ќе има краткотрајно ладење на односите, но во втората половина од месецот ако доволно се потрудите и двајцата, ситуацијата значајно ќе се подобри и стабилизира. Потребен е компромис.

Ако сте сингл: Вашата страственост е многу изразена и може да ви донесе бројни авантури кои се засноваат само на физичка привлечност. Чувствувате голема еротска сила и заводливост, но при крајот на месецот ќе се презаситите од сето тоа и ќе сфатите дека ќе почекате уште некое време пред да започнете нова врска.

Близнаци

Ако сте во врска: Ќе имате повеќе време за заеднички активности со партнерот, а тоа доста ќе ја зајакне врската. Партнерот се сомнева дека нешто криете од него, а на вас е да разговарате смирено и да не избувнувате. Добро ќе ви дојде да заминете на заеднички викенд.

Ако сте сингл: Почетокот на ноември ќе ви донесе нови познанства. Ќе бидете малку несигурни, но за кратко време ќе ви се даде можност со една од тие личности да започнете нешто долгорочно и стабилно.

Каков ќе биде ноември за другите знаци прочитајте ТУКА.

Слични содржини