Љубовта и понатаму цвета? Нов тизер за „And Just Like That“ ги воодушеви фановите на „Фацата“

од Vladimir Zorba

HBO Max објави трејлер со најава за нови серии и филмови чија премиера се очекува наскоро на оваа платформа. Меѓу нив е и најавата за серијата „And Just Like That“, продолжение на мегапопуларната „Сексот и градот“.

Краткиот нов тизер ги воодушеви фановите на Џон „Фацата“ Престон, најголемата љубов на Кери Бредшо, кој ја толкува актерот Крис Нот.

Со оглед на тоа што договорот на Нот со продуцентите на серијата не беше веднаш финализиран во почетната фаза на преговорите, долго време се шпекулираше дали воопшто ќе се појави во 10-те нови епизоди. Потоа беше потврдено дека тој ќе биде дел од рестартирањето, но информациите за судбината на „Фацата“ почнаа да протекуваат од сетот.

Според еден извор, Кери и Фацата се разведуваат, а според друг, Фацата умира од срцев удар, исто како што беше планирано за никогаш не направеното трето продолжение на франшизата.

Судејќи според објавата, Кери и Фацата се уште се среќни и заљубени и уживаат во мирен семеен живот. Дали нивниот заеднички живот е навистина идиличен или дали има нова драма зад очигледната идила, ќе дознаеме наскоро.

Премиерата на серијата е најавена за 2021 година и се очекува во наредните месеци.

Слични содржини