Лудница на Олд Трафорд: Роналдо се врати со гол (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Португалецот Кристијано Роналдо на перфектен начин по втор пат дебитираше за Манчестер Јунајтед.

Роналдо постигна гол против Њукасл во своето второ деби, за водство на неговиот тим во финишот на првото полувреме.

Еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња го искористи одбивањето од голманот на гостите, по ударот на Џејдон Санчо од далечина, и на тој начин му донесе предност на својот тим пред да замине на паузата од 15 минути.

Да потсетиме, Роналдо се врати во Јунајтед по 12 години, за време на кои играше за Реал Мадрид и Јувентус.

 

Слични содржини