Лудница во Марсеј: Факели, телохранители и димни бомби за Санчез (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Чилеанскиот фудбалер Алексис Санчез е нов играч на Марсеј, објави францускиот вицешампион.

Напаѓачот потпиша едногодишен договор со францускиот тим, а во клубот доаѓа по завршувањето на соработката со Интер.

Во текот на својата кариера, 33-годишниот фудбалер играше за Удинезе, Коло Коло, Ривер Плата, Барселона, Арсенал и Манчестер Јунајтед. Вкупно освои 17 трофеи.

Навивачите се собраа во огромен број да го пречекаат новиот миленик кој треба да претставува промена за целиот тим. Наводно, претходните недели се шпекулираше дека Игор Тудор, тренерот на клубот ги навредувал играчите, дека постојано им вика и дека е непријатен на тренинзите.

Потоа испадна дека тоа не соодветствува баш со вистината, па расположението се промени. Факели, многу чувари и телохранители, димни бомби, песни на навивачите… Сето тоа го чекаше Чилеанецот во Марсеј.

Во Барселона од 2011 до 2014 година постигна 47 гола, додека во дресот на Арсенал за четири сезони постигна 80 гола.

За Чиле одигра 143 натпревари.

Марсеј од клупата го предводи хрватскиот тренер Игор Тудор, а францускиот клуб обезбеди директен пласман во Лигата на шампионите.

Слични содржини