„Луфтханза“ им го продава на Швајцарци европскиот кетеринг бизнис вреден повеќе од милијарда евра

од Aleksandar Petrovski

Германската авиокомпанија Луфтханза објави денеска дека на швајцарската фирма „Гејтгруп“ му го продава својот европски бизнис за кетеринг и уште две други подружници на „ЛСГ Групацијата“ за угостителство и услуги, без да се открие висината на договорот за продажба.

Договорот се однесува на угостителската фирма „ЛСГ Европа“, добавувачот на храна за пакувања  „Еверстат“ и операторот за малопродажба „Рингелтауб“, се вели во соопштението на Луфтханза.

Тие тројца членки на Групацијата ЛСГ имаат 7.100 вработени, и остварија приходи од приближно 1,1 милијарди евра минатата година.

Луфтханза додаде дека продажбата нема да има големо влијание врз нејзиниот профит оваа или следната година.

Слични содржини