Луѓето паѓаат како покосени: Оваа појава до сега не е забележана во еден од најсиромашните региони во светот (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

 

Остар пораст на бројот на главно необјаснети смртни случаи во северна Нигерија предизвикува стравувања од големо ширење на КОВИД-19 во еден од најсиромашните региони во светот.

Здравствените експерти во Нигерија се загрижени за зголемувањето на смртните случаи од дијабетес, хипертензија или маларија, но сега веруваат дека коронавирусот би можел да биде вистинскиот убиец.

Во изминатиот месец Кано, најнаселениот град на северот со скоро 10 милиони луѓе, забележа стотици смртни случаи, особено кај постарите лица.

Државата Кано во вторникот официјално регистрираше 666 инфекции и 32 смртни случаи од КОВИД-19, второто најголемо жариште во Нигерија по главниот град Лагос, на југот на земјата.

Но, во овој претежно муслимански регион, роднините ги погребуваат мртвите само неколку часа по смртта, без можност за обдукција.

Властите затоа мора да извршат „вербална обдукција“, прашувајќи ги семејствата за симптомите пред да умрат.

 

Слични содржини