Луѓето претпочитаат роботи да носат важни одлуки наместо политичарите

од Vlatko K

Истражување открило многу интересни факти за ставовите на Европејците за технологијата и, пред
сè, за вештачка интелигенција (ВИ).


Центарот за управување со промени на шпанскиот универзитет „ИЕ“ спровеле анкета во која
учествувале 2.500 возрасни лица од Велика Британија, Шпанија, Германија, Франција, Ирска,
Италија и Холандија.

Резултатите се загрижувачки бидејќи покажуваат сериозни промени во начинот на кој луѓето
гледаат на технологијата, пишува „Кварц“.

Повеќе од половина од испитаниците се загрижени дека вештачката интелигенција ќе зазема
многу работни места и ќе ги замени луѓето. 70% од испитаниците веруваат дека неконтролираната
пенетрација на технологијата може да доведе до поголема штета отколку корист за општеството.

Друга грижа што луѓето ја споделуваат во студијата е заменувањето на вистинската комуникација
од дигиталните контакти.

Изненадувачки, 25% од испитаниците би сакале роботи да донесуваат одлуки наместо
политичарите.

„Ова размислување е веројатно поврзано со растечката недоверба на граѓаните кон политичарите
и владите“, вели Диего Рубио, директор на Центарот за управување со промени на Универзитетот.

Граѓаните од различни земји се скептични во однос на тоа, дека нивниот глас влијае врз
политичкото владеење. Носењето одлуки преку програмски алгоритам, исто така, има свои
недостатоци. Софтверот може да се манипулира за да се постигнат конкретни резултати и
потенцијално проблематични, како одлуки, донесени од луѓе.

Од истражувањето станува јасно уште дека граѓаните очекуваат од владите да ги регулираат и
намалат грижите од влегувањето на вештачката интелигенција и ако е потребно, да ја ограничат
автоматизација, за да не ги изгубат луѓето работните места.

„Ова го потврдува парадоксот во кој живееме. Луѓето се разочарани од владите, но во исто време очекуваат да се справат со економските негативни ефекти, што технологиите можат да ги донесат“, објаснуваат научниците од центарот.

Слични содржини