Луѓето тврдат дека Хари не ја пеел националната химна, се борел со солзите (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

По денешната погребна церемонија во чест на кралицата Елизабета Втора, коментарите за принцот Хари се слеваат на Твитер. Многумина пишуваат дека „тој не ја пеел националната химна на Велика Британија и едвај ги задржал солзите“.

Хари и неговата сопруга Меган Маркл седеа зад кралот Чарлс и неговата сопруга Камила во Вестминстерската опатија, а покрај нив беше и принцезата Беатрис. При крајот на церемонијата се свиреше националната химна, а многумина забележаа дека Хари во тој момент не пее.

Хари предизвика реакции

„Хари не ја пееше химната?“, „Дали е до мене или Хари и Меган не ја пееја химната?“, „Не можам да бидам единствениот што забележал дека Хари не ја пее националната химна“, се некои од коментарите.

Некои застанаа во одбрана на Хари и изјавија дека едвај ги задржува солзите, но други сметаат дека со оваа постапка „покажал непочитување“.

Некои пишуваат дека дури ни принцот Чарлс не ја пеел националната химна, а на социјалните мрежи се шират снимки од државниот погреб на кралицата.

Слични содржини